Руските трупи и денес продолжија да се борат со украинските одбранбени сили и војници за контрола на Киев и други градови, четврти ден од руската инвазија на Украина.
Руската инвазија на Украина преку фотографии

5
Овој општ поглед покажува оштетување на горните катови на зграда во Киев, Украина, 26 февруари 2022 година, откако наводно била погодена од руска ракета (АФП)

6
Се крева чад од руски тенк уништен од украинските сили на страната на патот во регионот Луганск, 26 февруари 2022 година (АФП)

7
Двајца вооружени лица од цивилната одбрана разговараат меѓу себе во градското собрание во Киев, Украина, недела, 27 февруари 2022 година. Украинските власти соопштија дека руските трупи влегле во вториот по големина град во Украина, Харков. Руските трупи, исто така, извршија зголемен притисок врз стратешките пристаништа на југот на земјата по бранот напади врз аеродромите и постројките за гориво на други места, кои се чинеше дека означуваа нова фаза од руската инвазија. (АП/Ефрем Лукатски)

8
Вооружена жена од цивилната одбрана држи автоматска пушка „Калашников“ додека патролирала на празна улица поради полицискиот час во Киев, Украина, недела, 27 февруари 2022 година. Украински функционер вели дека избувнале улични борби во вториот по големина украински град Харков. Руските трупи, исто така, извршија зголемен притисок врз стратешките пристаништа на југот на земјата по бранот напади врз аеродромите и постројките за гориво на други места, кои се чинеше дека означуваа нова фаза од руската инвазија. (АП/ Ефрем Лукатски)
Facebook Forum