Линкови за пристапност

Врховниот суд дозволи администрацијата на Бајден да ја исече оградата што Тексас ја постави меѓу САД и Мексико


Жичената ограда е дел од пошироката борба на гувернерот на Тексас Грег Абот со администрацијата на Бајден во однос на имиграцијата
Жичената ограда е дел од пошироката борба на гувернерот на Тексас Грег Абот со администрацијата на Бајден во однос на имиграцијата

Поделениот Врховен суд на САД денес им дозволи на агентите на граничната патрола да ја исечат жичената ограда што Тексас ја постави на границата меѓу САД и Мексико, додека судскиот спор продолжува.

Жичената ограда е дел од пошироката борба на гувернерот на Тексас Грег Абот со администрацијата на Бајден во однос на имиграцијата.

Абот, исто така, одобри поставување пловечки бариери во реката Рио Гранде и им дозволи на војниците да апсат и затвораат илјадници мигранти под обвинение за илегален премин.

Администрацијата ги оспорува тие постапки пред федералниот суд.

Федералниот апелационен суд минатиот месец ги принуди федералните агенти да престанат да ја сечат жицата. Голем број мигранти преминаа последните месеци.

Во судските документи, администрацијата рече дека жицата ги попречува агентите на граничната патрола да стигнат до мигрантите додека ја преминуваат реката и дека, во секој случај, федералниот закон за имиграција ги надминува напорите на Тексас да го запре протокот на мигранти во земјата.

Официјални лица од Тексас тврдат дека федералните агенти ја пресекле оградата за да им помогнат на групите кои илегално минуваат низ реката пред да ги однесат на обработка.

Главниот судија Џон Робертс и судиите Ејми Кони Барет, Кетанџи Браун Џексон, Елена Каган и Соња Сотомајор застанаа на страната на администрацијата.

Судиите Семјуел Алито, Нил Горсух, Брет Кавано и Кларенс Томас гласаа со Тексас.

Никој не даде никакво објаснување за нивниот глас.

XS
SM
MD
LG