Линкови за пристапност

Вол Стрит Журнал: Американската владина лабораторија заклучила дека Ковид-19 можеби излегол од кинеска лабораторија


Американскиот претседател Џо Бајден и нареди на разузнавачката заедница да го истражи потеклото на вирусот.

Во извештај во Вол Стрит Журнал се вели дека американската владина лабораторија лани заклучила дека теоријата оти пандемијата со Ковид-19 првично дошла од лабораторија од кинескиот град Вухан е веројатна, и заслужува понатамошна истрага.

Класифицираните извештаи, подготвени од научници во мај 2020-та на престижната националната лабораторија Лоренс Ливермур во Калифорнија, се издадени од Стејт департментот кога завршила истрагата за потеклото на пандемијата за време на последните месеци од администрацијата на Трамп.

Американскиот претседател Џо Бајден и нареди на разузнавачката заедница да го истражи потеклото на вирусот.

Разузнавачките агенции ја разгледуваат можноста дали Ковид-19 е предизвикан од лабораториски инцидент или е од контакт на човекот, со заразено животно.

Во меѓувреме, Франс прес објави дека Кина одобри итно користење на вакцината против Ковид-19 за деца над три годишна возраст, што е прва земја што нуди вакцини за таа возраст.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG