Линкови за пристапност

Грција ќе снима со дронови за да види кој ќе ги прекршува ковид протоколите


Одлуката доаѓа откако биле организирани забави на приватни имоти на Миконос, прекршувајќи ги правилата за безбедност

Властите на грчкиот остров Миконос ќе користат 15 дронови за да детектираат кој ги прекршува безбедносните протоколи чија цел е да се спречи ширењето на ковид-19.

Одлуката, позната како „Операција Миконос“ доаѓа откако биле организирани забави на приватни имоти изминативе недели, прекршувајќи ги правилата за безбедност.

Казните за прекршување на правилата ќе се движат од 365 до 6.000 долари.

Претходно, премиерот Кирјакос Мицотакис им вети на странските туристи, претежно од САД, Европа, Израел и од Русија, дека летово ќе може безбедно да уживаат во Грција.

Странските гости се должни да ги почитуваат локалните карантини, полициски час и протоколите за безбедност за време на нивниот престој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG