Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки денес на брифинг со новинарите рече дека претседателот Џо Бајден ќе најави уште поагресивна акција за вакцинација на населението.
„Вакциниравме 63 отсто од популацијата во САД, а над 72 отсто се граѓани од 40 или повеќе години. Вакцинацијата се случи благодарение на агресивната акција на оваа администрација. Новозаразените и смртните случаи со ковид-19 се намалени за над 90 отсто, смртните случаи се намалени за над 85 отсто од 20-ти јануари. Фактот останува, ако не сте вакцинирани, ризикувате да добиете вирус или да го проширите на некој друг. Денес очекуваме претседателот Џо Бајден да објави започнување на еден месец акција за мобилизирање на „цела Америка во спринт“ за да се вакцинира поголемата популација до 4-ти јули. Лидерите на заедниците, деловните субјекти, познатите личности, спортисти, колеџи и 1.000 волонтери ќе земат учество во оваа кампања на национално ниво” изјави Псаки.
Facebook Forum