Линкови за пристапност

Филипче: Гласањето нема да биде помалку безбедно од било која друга нормална активност


ДИК за изборниот процес
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

ДИК за изборниот процес

„Во упатството е точно наведено што и кој граѓанин треба да исполни услов, како да се пријави, што да приложи и да има право на глас на 13 јули.“, вели Јанаќе Витаноски, член на ДИК.

Од 5.000 граѓани кои се во самоизолација, досега само дваесетина се пријавиле за да гласаат в понеделник, првиот од трите изборни дена за овие парламентарни избори на кои за првпат, поради коронакризата, се воведува и ден на кој ќе гласа оваа категорија лица. Граѓаните, кои треба да гласаат од дома, имаат рок до утре на поноќ да се пријават до надлежните општински комисии - ДИК веќе изготви детално упатство.

Во упатството е точно наведено што и кој граѓанин треба да исполни услов, како да се пријави
Витаноски, ДИК


„Во упатството е точно наведено што и кој граѓанин треба да исполни услов, како да се пријави, што да приложи и да има право на глас на 13 јули.“, вели Јанаќе Витаноски, член на ДИК.

Изборниот процес на 13 јули ќе го спроведат посебни избирачки одбори.

Посебниот избирачки одбор ќе прими онолку ливчиња колку што граѓани се пријавиле да гласаат дома -дали болни или позитивни.
Ристеска, ДИК


„Посебниот избирачки одбор ќе прими онолку ливчиња колку што граѓани се пријавиле да гласаат дома -дали болни или позитивни. Истовремено, овие одбори ќе одат со заштитна опрема.“, смета Радица Ристеска, член на ДИК.

Утре ДИК, во присуство на меѓународни набљудувачи, ќе изврши симулација на гласање на едно избирачко место, за да се види како ќе изгледаат безбедносните мерки во ситуација на пандемија. Надлежните уверуваат дека е изготвен сигурен здравствен протокол.

Сакам од мое лично име и од името на комисијата, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право.
Филипче, министер за здравство


„Сакам од мое лично име и од името на комисијата, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право. Гласањето нема да биде помалку безбедно од било која друга нормална активност.“, коментира Венко Филипче, министер за здравство.

Паралелно со техничките подготовки за изборите, партиите влегуваат во последната фаза од кампањата која завршува в недела на полноќ. Реториката на обвинувања се засили, на социјалните мрежи се објавуваат прислушувани разговори и за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ ја турка иницијативата за прв премиер-Албанец... Во ваква ситуација Хелсиншкиот комитет евидентира голем број пријави за говор на омраза на социјалните медиуми од кои дел се предизвикани поради „вжештената предизборна атмосфера“.

XS
SM
MD
LG