Линкови за пристапност

Ѝ помогнавме на ДИК изборите да бидат безбедни, рече претставникот на УСАИД во Скопје


Убедени сме дека Северна Македонија е подготвена да се соочи со предизвикот, рече Ерик Јановски, на виртуелна конференција за справување со КОВИД-19

УСАИД нема да испраќа тимови за мониторинг на изборите, но, убедени сме дека државата е подготвена да се соочи со предизвикот, рече Ерик Јановски, претставник на Меѓународната агенција за развој на САД во Скопје.

„Обезбедивме дополнителна помош од 350.000 долари за поддршка на Државната изборна комисија. Дополнително, друга агенција во Амбасадата, беше во можност да земе грант за да обезбеди опрема за лична заштита на секое избирачко место, со цел гласачите да се чувствуваат безбедно. Помогнавме државата да може да ги одржи изборите безбедно, ефикасно, слободно и фер“, рече Јановски на виртуелна конференција за справување со КОВИД-19.

Според него, дражвата деновиве се соочува со голем предизвик, поради зголемен број на заразени.

„Мислам дека одговорот на Владата досега е многу добар. Со цел да се држи ситуацијата под контрола, и да не се оптовари здравствениот систем, треба да продолжи да испраќа пораки до јавноста, како што прави од самиот почеток, за важноста од социјално дистанцирање и носење маски“, рече тој, нагласувајќи дека е важно да има промена во однесувањето што, пак, вели тој, е тешко и бара посветеност.

Тој додаде дека УСАИД соработува со Владата и со локални непрофитни организации, со цел да се намалат економските последици од пандемијата, како и да се минимизира губењето на работни места.

Јановски рече дека им помагаат на жртвите на домашно насилство, како и на лицата кои во моментов не можат да заработат за живот, преку обезбедување ресурси и средства за заштита на нивните семејства.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG