Линкови за пристапност

Филипче: Бројот на заболени расте во целиот регион, насен не очекува посилен бран


Скопје и Тетово остануваат најголеми жаришта. Надлежните забрзано се подготвуваат за есенскиот бран - нова монтажна болница а студентските домови ќе се користат како капацитети. Во наредните 48 часа ќе се одлучува дали ќе се затвори северната граница

СКОПЈЕ - „Насекаде има нов бран, кај нас се појави порано но уште во почеток го детектиравме.Се должи на разлабавување на мерките и недисциплината на граѓаните. Вирусот ќе остане тука а ние мора да бидеме подготвени и мора да профатиме дека ќе трае подолго од она што сите го очекуваа“, изјави министерот Филипче на денешната прес конференција.

Бројката на нови случаи останува висока но според Филипче бележи намалување и во последните седум дена се регистрирани 860 случаи за разлика од над илјада во изминатиот период. Исто така и инциденцата е пониска како и „Р0“ факторот на преносливост кој во последните неколку дена е 1,1 а во останатиот период е 0,9.

Процентуално старосната група од над 60 години е најчеста меѓу новите случаи - 26 отсто а најголем број од починатите исто така се од оваа група.

Скопје е најголемото жариште а во последните седум дена дури 46 отсто од новите случаи се од главниот град а се почесто новите случаи не се поврзани со ниту еден досега регистриран кластер. Тетово е на второто место со 13 отсто од новозаболените. Како проблем се јавува Штип каде случаите кои се регистрираат деновиве не се од веќе познати кластери.

„Во 15 града во државата бојот на нови случаи е под 20 лица. Нема знаци дека има друго потенцијално жариште освен Скопје, Тетово и некои делови од Гостивар. Оздравени се 446 лица повеќе од изминатите недели. Во последните неколу дена бројката на активни случаи е израмнета. Денеска има нешто помалку случаи но треба да видиме дали е варијација или тренд“, обајсни Филипче.

Просек од 13%на позитивни тестови од вкупниот број на направени останува и не се менува.

Надлежните најавуваат нов силен бран есеноска кој ќе се шири забрзано и затоа уште сега почнуваат подготовките.

„Останува претпоставката дека вирусот насесен побрзо и посилно ќе се шири, луѓето ќе мора да седат внатре. Затоа тече подготовка на капацитети за есенскиот период. Имавразговори со директори на клиники во повеќе градови за дополнителни капацитети кои може да се користат како болнички. Студентскитедомови се една од опциите за зголемување на капацитети. До клиниката за пулмологија ќе се постави уште еден центар за тријажа а доколку има потреба ќе се направи уште една модуларна амбуланта како онаа што е во склоп на Инфективната клиника“, рече Филипче.

Кога станува збор за изборниот процес, Филипче соопшти дека во моментов има над пет илјади луѓе кои се во изолација а неделава ДИК заедно со здравстените работници ќе спроведат сиулација на избирачкиот процес за да се провери поставеноста и капациетот на комисиите.

Болниците сеуште се полнат со пациенти и притисокот врз здравствениот систем продолжува.

„421 пациент е во моментов хоспитализиран, што е11,4 % од вкупниот број на активни случаи. Процентот останува ист спореден со изминатите неколку недели и се движ меѓу 11 и 12 отсто. Останатите се на домашно лекување со лесна слика или асимптоматски. Бројот на испишани е речиси ист со бројот на примени. Сепак има добар процент на пациенти кои се хоспитализирани откако состојбата значително им се влошила. Апелирам, при најмало влошување на ситуацијата потребна е хоспитализација за да се избегнат компликации и смртен исход“, рече министерот Филипче.

Тој потврди дека двајца анестезиолози од Градската болница побарале да си заминат и најавиле трансфер во приватна клиника и додаде дека на нивното место веќе во средаќе дојдат двајца анестезиолози од КАРИЛ.

На Инфективната клиника има 90 пациенти од кои 53 се на кислородна поддршка. Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот. Во Градската болница „8 Септември“ има 122 пациенти. а тројца се нареспираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти - позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во последното деноноќие се регистрирани 78 новозаболени а петмина ја загубија битката со вирусот со што бројката на починати се искачи на 346 лица.

„Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга. На Инфективната клиника починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години. Во Градската болница „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во болницата во Струга е починат пациент на 86 години“, соопштија од министерството за здравство.

Во моментов активни се 3.579 случаи а најголем број од нив се во Скопје - 1.960 заболени. Најтешко погодена општина е Чаир со 402 заболени, воГази Баба има 201, Бутел - 170, Карпош – 166, Аеродром - 155, Сарај – 150, Центар – 149, Ѓорче Петров – 115 иКисела Вода каде има 110 активни случаи.

Гледано по градови, критично е во Тетово каде има 391 активен случај, во Куманово има 194 заболени, Охрид - 196, Струга - 169 и Штип каде има 157 активни случаи.

Радовиш, Делчево и Берово се единствените градови во државата каде нема заболени од коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG