Линкови за пристапност

Северна Македонија обезбедила 833.000 вакцини – по две дози за 400.000 граѓани


Северна Македонија обезбедила 833.000 вакцини
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Здравствениот систем се подготвува за вакцината против Ковид -19

Вакцините се набавени преку Ковакс-системот.

Дополнително, стапено е во контакт со Фајзер и Астра Занека, компаниите чии вакцини се најблиску до одобрение за употреба, за од нив директно да се набават дополнителни дози. Постои и опција за добивање на вакцини преку одделни земји-членки на Унијата. Се утврдуваат и протоколите за транспорт и чување на вакцините зашто дел од нив бараат екстремно ниски температури. Такви наменски фрижидери ќе донира извесна американска фондација. Вакцинирањето ќе се врши во рамките на постоечкиот систем – болниците и вакциналните пунктови.

Како приоритет ќе се вакцинираат сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите, граѓаните над 65 години, како и хронично болните...
Филипче, министер за здравство


„Како приоритет ќе се вакцинираат сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите, граѓаните над 65 години, како и хронично болните... Да испратам порака до граѓаните – епидемијата се уште е силна да се придржуваат до препораките и да избегнуваат групирања и прослави и слави.“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Според Филипче, целта е да се вакцинира 60 до 70 отсто од населението зашто се смета дека тоа е доволен процент за стекнување колективен имунитет.

За вакцината со која треба да се стави крај на пандемијата се зборуваше и на Специјалната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, на која се обрати и претседателот Пендаровски.

Треба да продолжиме да работиме заедно во развивањето на издржливи, добро управувани, одговорни, отчетни, здравствени системи кои им служат на граѓаните.
Пендаровски, претседател на Северна Македонија


„Системска закана како пандемија бара системски одговор кој вклучува непосредни и долгорочни активности. Треба да продолжиме да работиме заедно во развивањето на издржливи, добро управувани, одговорни, отчетни, здравствени системи кои им служат на граѓаните. Се разбира, голем чекор во вистинска насока беше воспоставувањето на глобалната програма COVAX за набавка на вакцини, која треба да овозможи лесен и балансиран пристап до вакцините на сите луѓе во светот.“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.

Откако вакцините, кои ги произведуваат неколку компании, ќе добијат одобрување за употреба, ќе почнат да се дистрибуираат до секој држава. Во земјава, најверојатно, може да се очекуваат на почетокот на идната година.

XS
SM
MD
LG