Британија дозволи итна употреба на новата вакцина против ковид-19, развиена од фармацевтскиот гигант „Фајзер“, станувајќи прва западна држава во светот која е подготвена да почне масовно вакцинирање против коронавирусот, од кој досега се заразија речиси 64 милиони луѓе во светот, вклучувајќи и над 1,4 милиони смртни случаи.
Првите вакцинации ќе почнат следната недела, а ќе ги опфатат вработените во Националната здравствени услуги, како и вработените и пацинетите во центрите за грижа на стари лица.
Одобрувањето доаѓа недели откако „Фајзер“, заедно со германскиот партнер „БиоНТек“, најавија дека вакцината е над 90 отсто ефективна. Британија веќе нарача 40 милиони дози од вакцината.
Од компанијата изјавија дека дозволата за итна употреба на вакцината во Обединетото Кралство претставува историски момент во борбата против ковид-19.
Европската Унија размислува за итно одобрување на вакцината на „Фајзер“, како и на вкацината на „Модерна“, која се покажа дека е ефективна 94 проценти во крајните клинички тестирања.
Официјалните лица на ЕУ се очекува да одлучат за најмалку една вакцина до крајот на декември.
Компаниите „Фајзер“ и „Модерна“, исто така, аплицираа за дозвола за итна употреба во Администрацијата за храна и лекови на САД. Ако добијат одобрување, најрано, во средината на декември, би можело да почне вакцинирањето и во САД.
Facebook Forum