Линкови за пристапност

Д-р Фаучи: Од средината на април, секој што сака да се вакцинира против Ковид-19 во САД, ќе има можност


Со оглед на предизвиците со логистиката, д-р Фаучи изрази надеж дека до јули или август, „огромно мнозинство граѓани ширум нацијата ќе бидат вакцинирани“.

Главниот експерт за инфективни заболувања во САД, д-р Ентони Фаучи изјави дека до април, секој во САД кој сака да се вакцинира против Ковид-19, би требало да добие вакцина.

Во интервју за утринската програма „Денес“ на Ен-Би-Си, д-р Фаучи, кој е ѝ главен медицински советник на претседателот Бајден, изјави дека проекциите наведуваат дека приоритетни групи на граѓани, како здравствени работници и постарите, треба да бидат вакцинирани до април. „По тој период, следи отворена сезона, за секој, буквално секој, кој спаѓа во било која категорија, да го почне процесот на вакцинација“, уверуваше д-р Фаучи.

Со оглед на предизвиците со логистиката, д-р Фаучи изрази надеж дека до јули или август, „огромно мнозинство граѓани ширум нацијата ќе бидат вакцинирани“.

Според него, тоа ќе се должи на достапноста од нови вакцини, како и зголемениот капацитет за достава, што ќе влијае на забрзување на целиот процес на вакцинацијата.

Најнова анкета на Асошиејтед Прес и Центарот за јавно мислење (НОРК), покажа дека 67 отсто од анкетираните Американци планираат да се вакцинираат, а околу една третина велат дека веројатно, или малку веројатно ќе го сторат тоа.

Тие кои се сомничави велат дека безбедноста на вакцините е главна причина за загриженост.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG