Линкови за пристапност

Вакцини сеуште нема, граѓаните масовно се регистрираат за вакцинација


„Усогласување на документацијата“ е причината поради која се откажа донација на вакцини од Србија. Вакцините на кинеската „Синофарм“ се очекуваат наредната недела. За само еден ден 25 илјади граѓани се пријавија за вакцинација

СКОПЈЕ - Имунизацијата на населението ќе стартува најрано идната недела откако пропадна донацијата на осум илјади вакцини од Србија поради „усогласување на техниката документација“ а која требаше да биде испорачана денеска. Вакцините ќе пристигнат наредните денови, откако српските власти ќе добијат дозвола од производителот „Фајзер“ да ги испорачаат на нашите власти а двете влади се во постојана комуникација.

Дали кинеските „Синофарм“ за кои веќе е потпишан договор за набавка на 200 илјади дозаи доволни за вакцинирање на 100 илјади граѓани, директно од прозиводителот „Фајзер“ со кого исто така е потпишан договор или пак српската донација на „Фајзер“ ќе бидат првите вакцини кои ќе пристигнат во Северна Македонија надлежните немаат прецизен одговор

Премиерот Зоран Заев пак вчера најави дека пратката од „Синофарм“ треба да се очекува на 15 или 16 февруари.

„Од понеделник, односно во втората половина на месецов, треба да ги добиеме и првите дози од „Фајзер“ од директно склучениот договор со овој производител. Отворени ни се механизмите на набавка на Фајзер, АстраЗенека и Модерна преку КОВАКС-системот. Преку ЕУ секој ден очекуваме ново решение. Комесарот Вархеји најави 70 милиони евра, зборува дури и за авансно плаќање, само час поскоро да стигнат вакцините за Западен Балкан“, рече премиерот Заев.

Во меѓувреме граѓаните продолжуваат електронски да се регистрираат за ванцинација преку специјално креираната страна vakcinacija.mk. Иако страната крахираше веднаш по отварањето, надлежните успеаа да ја вратат во погон а според официјалните податоци досега се регистрирале над 25 илјади граѓани.

„Министерството за здравство информира дека досега 25.401 илјади граѓани ја имаат пополнето апликацијата на веб-страницата „Vakcinacija.mk“ за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19. Со пополнувањето на регистрацијата, граѓаните искажуваат само интерес за вакцинација. Тоа не значи дека сте закажале и термин за вакцинирање. Датумот и часот за вакцинација го утврдува Националниот систем ,„Мој Термин" согласно фазите кои ги содржи Националниот план за КОВИД вакцинација. “, изјави

Според националниот план за вакцинација процедурата налага апликации кои ќе пристигнат да бидат внесени во дата база во која увид ќе имаат матичните лекари кои потоа треба да ги повикаат и информираат своите пациенти за тоа кога и каде ќе се вакцинираат на пунктот кој веќе го избрале при регистрацијата. На ова реагираа дел од матичните лекари врз кои паѓа најголемиот дел од товарот со образложение дека веќе имаат огромен волумен на работа.

Според планот, кога и да почне вакцинацијата, ќе се одвива во четири фази. Во првата фаза ќе се вакцинираат здравствените работници во јавното и приватното здравство кои работат со Ковид-пациенти и сите граѓани над 70 години. Станува збор за бројка од околу 14.200 здравствени работници и над 170 илјади лица кои имаат над 70 години.

Во втората фаза ќе се вакцинираат здравствените работници со умерен ризик, вработени во витални институции, лица над 65 години и помлади ако имаат коморбитети а во третата фаза ќе се вакцинираат сите останати кои ќе се пријават.

Надлежните ќе го следат примерот на повеќе држави во светот и најверојатно, вакцината на „АстраЗенека“ која ќе биде достапна преку Ковакс системот нема да се дава на лица над 65 години. Засега нема солуција доколку граѓаните не сакаат да примат одреден тип на вакцина

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG