Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека југоисточните делови на Украина треба да бидат вклучени во разговорите за иднината на земјата. Тој денес во Москва изјави дека Русија сака тие региони, каде во најголем дел се говори на руски, да бидат вклучени во мултилатералните разговори.
Во Париз, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен предупреди дека натамошната руска интервенција во Украина би била историска грешка што натамошно ќе ја изолира Русија од светот.
Денес руското Министерство за надворешни работи ја повика Украина да запре со, како што наведе, армиските подготовки во југоисточниот дел на земјата што би можеле да доведат до граѓанска војна.
Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков соопшти дека биле уапсени 70 лица во антитерористичка операција против проруските демонстранти што зазедоа владина зграда во градот Харков. Покрај Харков, проруските демонстранти зазедоа згради и во Донецк и Луганск. Тие бараат референдум за отцепување од Украина, ист како оној што се одржа минатиот месец на Крим.
Белата куќа тврди дека има докази дека дел од демонстрантите не припаѓаат на локалното население што говори на руски, туку се донесени од друго место и биле платени за да предизвикаат нереди. Американскиот државен секретар Џон Кери вчера по телефон разговарал со Лавров и побарал Русија да се откаже од оние што Кери ги смета за сепаратисти и саботери.