Линкови за пристапност

Хејг бара натамошен „силен и обединет“ европски одговор на руската ескалација на украинската криза


Британскиот дипломат оцени дека досегашното повлекување на руските сили од границата со Украина е само симболично

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг рече дека Европа треба да продолжи со „силниот и обединет“ одговор на руската ескалација на украинската криза. Вилијам Хејг ова го кажа изјави пред средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ, посветена на санкциите против Русија.

Британскиот дипломат оцени дека досегашното повлекување на руските сили од границата со Украина е само симболично, а чие присуство покрена стравувања од руска инвазија.


Западните нации веќе усвоија санкции против Русија поради анексијата на Крим. САД и сојузниците остро го осудија потегот и подвлекоа дека не го признаваат одвојувањето на Крим од Украина.
XS
SM
MD
LG