Украинскиот премиер Арсениј Јацењук ја обвини Русија дека ги поддржува сепаратистичките демонстрации, меѓу што и заземањето на владините згради во три градови во источниот дел на земјата, што се случи во недела.
Јацењук на седница на Владата кажа дека Русија стои зад немирите во Донецк, Луганск и Харков и дека демонстрациите се очигледно план за дестабилизирање на ситуацијата со што, како што рече, „странските“ трупи би можеле да ја минат границата и да заземат украинска територија.
Според украинскиот премиер, руските сили остануваат стационирани на 30 километри од границата.
Новинската агенција Ројтерс јави дека вршителот на должноста претседател на Украина, Александар Турчинов, исто така смета дека Русија стои зад демонстрациите, обвинувајќи ја дека го употребува кримското сценарио. Турчинов вети дека ќе бидат применети антитерористички мерки.