Во време на улични протести ширум нацијата, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за полициски реформи.
“Намалување на криминалот и кревање на стандардите не се спротивставени цели“, изјави Трамп од Градината на розите во Белата куќа, пред да го потпише документот, наречен “Безбедни полициски мерки за безбедни заедници“.
Извршната наредба ги охрабрува „полициските оддели ширум нацијата да усвојат највисоки стандарди за служење во нивните заедници“. Овие стандарди ќе бидат високи и силни, какви што нема во светот - изјави претседателот.
Мерката повикува на обука на полицијата за техники за де-ескалирање и стандардни техники при употреба на сила.
Трамп не се осврна на поврзувањето на систематскиот расизам со полициската бруталност, за што најмногу се осврнуваа демонстрантите ширум земјата.
Последните анкети на јавното мислење покажаа дека има распространета загриженост во јавноста за бруталниот одговор на припадниците за воспоставување на редот и поредокот.
Официјални лица од администрацијата на Трамп го отфрлија наративот дека американската полиција е ендемски расистичка.
„Американците сакаат почитување на законот и ред“, изјави претседателот од Белата куќа.
Во Конгресот се разгледува понатамошно усвојување на пакет-реформи за полициските сили.
Facebook Forum