Линкови за пристапност

До средината на оваа недела ќе се знае дали ќе има обвинение против полицаецот кој го уби Афроамериканецот во Атланта


Се` уште се разгледуваат околностите под кои беше застрелан 27-годишниот Рејшард Брукс во петокот

Обвинителот Пол Хауард рече дека до средината на оваа недела ќе одлучи дали да покрене обвинение против полицаецот, кој уби Афроамериканец кај ресторан за брза храна во Атланта во петокот.

Во изјава за Си-Ен-Ен, тој рече дека ги разгледува околностите поврзани со смртта на 27-годишниот Рејшард Брукс, кој беше вработен во ресторан и е татко на три ќерки.

Властите соопштија дека Брукс бил убиен од полицаецот Гарет Ролф, откако Брукс зел електричен пиштол од друг полицаец и го вперил кон Ролф, додека се обидувал да избега од паркингот, каде двајцата полицајци се обидувале да го уапсат оти не поминал на тестот за присуство на алхохол во крв.

Ролф беше отпуштен од полицијата во Атланта, а другиот полицаец е суспендиран додека да се заврши истрагата.

Обвинителот на Атланта рече дека Брукс разговарал учтиво со полицајците 22 минути пред да биде застрелан двапати во грб, како што покажал медицинскиот извештај.

Овој инцидент ги обнови протестите во државата, кои почнаа по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Демонстрантите денес се собираат во Атланта, барајќи правда и реформи во судството.

Сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот, вели дека е потребно да се адресираат повеќе прашања поврзани со овој случај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG