Линкови за пристапност

Расчистен случај на труење на полицајци со млечни пијалаци на Менхетен


Тројца полицајци заклучиле дека „токсична супстанција, за која се верува дека е средство за избелување“, била додадена во нивните милкшејкови

Истрагата на полицискиот оддел во Њујорк утврди дека вработените во американски ресторан за брза храна не сториле кривично дело во случај во кој тројца полицајци пиеле млечни пијалаци кои што можеби биле обоени со употреба на средство за избелување.

Полицајците биле назначени да работат на протестите против расна неправда


Началникот на полицијата во Њујорк, детективот Родни Харисон, го соопшти ова денеска во порака на Твитер, откако беше спроведена „темелна истрага“.

Здружението на патролни полицајци во Њујорк соопшти дека тројцата полицајци заклучиле дека „токсична супстанција, за која се верува дека е средство за избелување“, била додадена во нивните милкшејкови во ресторанот „Шејк Шек“ во околината на Менхетен.

Полицајците беа назначени да работат на протестите против расна неправда, кои што беа предизвикани од смртта на 25 мај на Џорџ Флојд, кој почина за време на полициски притвор во северозападниот град Минеаполис.

Тие застанале во ресторанот во Менхетен во понеделникот навечер.

Од здружението соопштија дека полицајците биле лекувани во болница, но не се здобиле со сериозни повреди.

Ресторанот Шејк Шек во порака на Твитер соопшти дека е „ужаснат“ од наводната контаминација и рече дека соработува со полицијата во истрагата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG