Заменик-државниот секретар Антони Блинкен денеска се сретнал со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и разговарал за неодамнешниот самит за источното партнерство на ЕУ во Рига и политиката на ЕУ спрема Истокот, особено фокусирајќи се на Украина Грузија, Србија, Македонија, Босна и Молдавија, изјави портпаролката на Стејт департментот Мари Харф на денешниот редовен брифинг.
Таа рече дека за Македонија, заменик-државниот секретар Блинкен ги поздравил успешните преговарачки напори на еврокомесарот Хан порано неделава и ја поздравил македонската влада и опозиционите лидери за реафирмирање на заложбата од 2-ри јуни за европските принципи, меѓуетничките и добрососедските односи во подготовките за предвремени избори на крајот од април следната година.
Заменик-државниот секретар подвлекол дека додека патот напред нема да биде лесен за Македонија, но САД заедно со европските партнери, ќе бидат активно вклучени во поддршката на Македонија во справувањето со предизвиците и постигнување на крајната цел - за евро-атланска интеграција.