Линкови за пристапност

Јоханес Хан: политичка и кривична реакција на кризата во Македонија


Еврокомесарот Хан во Вашингтон: политичка и кривична реакција на кризата во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Сите страни се согласиле на препораките од ЕК, конкретно за владеењето на правото и независност на судството, кажа еврокомесарот за проширување во Атлантскиот совет во Вашингтон

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан синоќа во Атлантскиот совет во Вашингтон говореше за Источното партнерство со аспирантите за членство во ЕУ. Европа се наоѓа пред нови предизвици на патот кон целосно обединување, оцени еврокомесарот. Тој сугерира проширувањето да се гледа и како можност за поголемо вклучување на политиката на соседите во ЕУ, при што говореше за статусот на аспирантите од Источното партнерство.

На прашање на Гласот на Америка на македонски, кој би ги организирал предвремените избори во април следната година, со оглед на степенот на недоверба по наводите за незаконско однесување на владини лица и политички водачи, Јоханес Хан вели: „Целосно сум свесен за ситуацијата во земјата. Имаше многу дискусии, исто меѓу и опозицијата и владата за тоа кој е најсоодветното време за нови избори, затоа што навистина треба темелно да се подготват. Има некои недостатоци. Треба да го модифицираме изборниот законик, да го прегледаме избирачкиот список и други елементи. Но, од друга страна, мора да кажам дека последните избори, исто како многуте други во земјата и во регионот, беа набљудувани од ОБСЕ и генерално, имаше позитивен извештај, се разбира, осврнувајќи се на едни или други недостатоци, но генерално беше позитивен извештај. А тие избори беа одржани во април минатата година“.

Па сепак, Хан го спомена и новиот контекст на ситуацијата: „Има голем скандал којшто никој не може да го игнорира. Ако има 22.000 прислушувања, тоа не може да се игнорира. Тоа е голем скандал, а да не зборуваме за содржината“.

Со оглед на ова, Хан предлага двократна реакција.

„Едната е политичка. Затоа ја повикуваме опозицијата да се врати во Парламентот и да се справи со проблемот преку вообичаена политичка дебата, да постојат анкетни комисии, итн., но, се разбира, ова е кривичен случај и со него треба да се постапува согласно меѓународните и европски стандарди. Затоа ние понудивме - а тоа беше прифатено од партнерите - меѓународни стручњаци коишто ќе се справат со прашањата. Сите страни се согласија да ги прифатат и да ги имплементираат сите препораки од Европската комисија, конкретно кога се работи за владеењето на правото и независност на судството. За да имаме не само анализа, туку и имплементација, потребно ни е време, затоа се договоривме за избори само во април следната година. Исто така, некои други сакаа тие да бидат и порано“, вели еврокомесарот.

Хан повтори дека нема да уследи препорака за предпристапни преговори, ако до крајот на јуни не се постигне конечен договор за политичка разврска на кризата во Македонија.

XS
SM
MD
LG