Линкови за пристапност

За мажите, заштитните маски не се кул!


Неодамнешното истражување сугерираше дека мажите имаат повеќе отпор кон носење заштитна маска во јавност: https://psyarxiv.com/tg7vz/

Истражувачите, од Универзитетот Мидлесекс во Лондон Валерио Капраро и Хелен Барсело од Истражувачкиот институт за математички науки во Беркли, Калифорнија, пронајдоа дека мажите во САД најверојатно ќе излезат од дома без маска, истакнувајќи дека носењето на заштитната маса „не е кул“ и испраќа порака за слабост.

Мажите, многу повеќе од жените не се согласуваат со ваквите размислувања – „носењето маска е кул“. И сметаат дека тоа „манифестира знак на слабост“.

„Носењето маска на лице е тешко, зашто бара значително менување на навиките“, велат авторите во студијата објавена на 11-ти мај од Центарот за подобрување на психолошката наука.

Повеќе од 50 држави во светот имплементираа задолжително носење маска за да се спречи ширење на вирусот.

https://www.aljazeera.com/news/2020/04/countries-wearing-face-masks-compulsory-200423094510867.html

Велосипедисти во Њујорк
Велосипедисти во Њујорк

Во моментов, 14 сојузни држави во САД бараат носење заштитни маски од своите жители или покривање на лицето на јавни места.

https://masks4all.co/what-states-have-mandatory-mask-laws/

Меѓутоа, неколку извештаи предочуваат дека мажите почесто се мета на Ковид-19, отколку жените, и се почести жртви од смртоносниот вирус.

https://www.frontiersin.org/articles/10.3389/fpubh.2020.00152/full

„Истражувањето покажа дека мажите многу повеќе од жените, не сметаат дека сериозно ќе се разболат ако не носат заштитна маска, што е иронично, ако се земат в предвид извештаите дека токму мажите повеќе се заразуваат од жените“, напишаа Капраро и Барсело.

Друго истражување на Галуп –

https://news.gallup.com/poll/310400/new-april-guidelines-boost-perceived-efficacy-face-masks.aspx

...спроведено во периодот меѓу 14-ти и 20-ти април, покажа дека 38% од мажите никогаш не носат маска или нешто друго за покривање на лицето на јавни места.

За некои мажи, одбивноста на носење маска во јавноста има и расна компонента:

„Да бидам искрен. Јас сум висок маж, Афроамериканец, и се плашам дека покривањето на лицето ќе ја испровоцира полицијата без посебна причина. Драг ми е сопствениот живот“, напиша корисник на Твитер.

https://twitter.com/politidope/status/1247233057578463237?s=21

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG