Линкови за пристапност

Светот е на средина на кризата со коронавирусот, предупреди СЗО


Болеста може да земе замав во секое време, соопшти Светската здравствена организација предупредувајќи ги Северна Америка, Европа, Југоисточна Азија и другите делови на светот да не ги релаксираат премногу брзо мерките за контрола на коронавирусот

Извршниот директор на Светската здравствена организација предупреди дека светот се наоѓа сред пандемијата на коронавирусот, додека државите продолжуваат да се борат за да го спречат ширењето на вирусот, а други брзо се отвораат дури и кога расте бројот на случаи.

„Ние сме во моментов во средината на првиот бран на глобално ниво, рече доктор Мајк Рајан. „Се уште сме во фаза во која болеста всушност е во пораст.“

Рајан рече дека бројот на случаи расте во Јужна Америка, Јужна Азија и во други региони. Тој рече: „Болеста може да земем замав во секое време“ и ги предупреди Северна Америка, Европа, Југоисточна Азија и другите делови на светот да не ги релаксираат премногу брзо мерките за контрола на коронавирусот.

Рајан го издаде предупредувањето уште пред очекуваниот втор бран, зголемувајќи ја загриженоста на луѓето кои се спротивставуваат на брзо повторно отворање низ целиот свет.

Бразил е ново жариште на коронавирусот. Бразилското Министерство за здравство соопшти во понеделникот дека поради КОВИД-19 починале 807 луѓе во претходните 24 часа. Еднодневниот број на смртни случаи во САД беше 620.


Коментарите на Рајан ги намалуваат очекувањата за забрзано економско закрепнување во светски рамки и за обновување на меѓународните патувања глобално.

Тој зборуваше во понеделникот кога во САД, лидер според бројот на инфекции со коронавирус и смртни случаи, голем број луѓе ги наполнија јавните места како што се плажите и националните паркови.

Во државата Јута, делови од Националниот парк Сион беа затворени за возила поради преголема посетеност.

„06:36 часот - Понеделник: Паркинг просторот покрај Кањонот е полн. Не е дозволено возење сè додека паркирањето не биде достапно “, објавија преку порака на Твитер од паркот.

[[ https://twitter.com/ZionNPS/status/1264898628235091968 ]]

Индија е во тешка битка со коронавирусот. Државата со население од над 1,3 милијарди луѓе забележа рекордно еднодневно зголемување на нови инфекции.

Индија во вторникот регистрираше 6.535 нови инфекции, со што вкупниот број се искачи на повеќе од 146,000, вклучувајќи скоро 4.200 смртни случаи.

И покрај растот, Индија сепак дозволи домашните летови да продолжат во понеделникот, откако два месеци беа суспендирани.

Бразил исто така се соочува со зголемен број на случаи, додека новата американска забрана за патници од оваа јужноамериканска држава стапува на сила во вторник, два дена порано од првично објавената како дополнителен напор на САД да се запре ширењето на коронавирусот.

Официјалните лица не дадоа конкретни причини за поместувањето на забраната која првично беше предвидена да започне во четврток.

Забраната се однесува на странци кои влегуваат во САД, а кои биле во Бразил во претходните 14 дена. Здравствените власти велат дека може да трае од два до 14 дена пред да се појават симптоми кај некој кој се зарази со КОВИД-19, болест предизвикана од коронавирусот.

Бразил е ново жариште на коронавирусот, зад САД по број на потврдени случаи, со близу 375.000, според статистиката на универзитетот Џон Хопкинс.

Бразилското Министерство за здравство соопшти во понеделникот дека поради КОВИД-19 починале 807 луѓе во претходните 24 часа. Еднодневниот број на смртни случаи во САД беше 620.

Белата куќа соопшти дека забраната за патувања „ќе помогне странските државјани кои биле во Бразил да не станат извор на дополнителни инфекции во нашата држава“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп има слични забрани за патувања кои се применуваат на Кина, Иран, Велика Британија, Ирска и 26-те држави од Шенген зоната на Европа.

Екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро со месеци ја критикуваше сериозноста на коронавирусот, повикувајќи да се отворат бизнисите и отфрлајќи ги препораките за социјално растојание.

Болсонаро го спореди вирусот со грип велејќи дека уништената економија ќе убие повеќе луѓе отколку болеста.

Шефот на Светската здравствена организација соопшти дека во понеделникот агенцијата ја паузира употреба на хидроксихлороин во своите испитувања за да пронајде ефективни третмани за коронавирусот, додека експертите ја разгледуваат безбедноста на овој лек.

Тедрос Аданом Габриесус ја наведе студијата објавена минатата недела во медицинскиот журнал „Лансет“ во која авторите пријавиле проценета повисока стапка на смртност кај пациенти со коронавирус кои го примале лекот. Тедрос истакна дека лекот е „прифатен како генерално безбеден за употреба кај пациенти со автоимуни заболувања или маларија“.

Шефот за итни случаи на СЗО, д-р Рајан, рече дека досега немало никакви проблеми со лекот во испитувањата на СЗО, но дека паузата се прави поради претпазливост.

Трамп смета дека хидроксихлорокинот е ефикасен третман за коронавирус и тврди дека го зел, иако не бил тестирал позитивно на вирусот.

Чиле објави рекордно дневно високо ниво од 4.895 нови случаи.


Саудиска Арабија планира во недела треба да олесни некои од ограничувањата, вклучително и да ја укине забраната за домашни патувања, одржување молитви во џамии и јадење во ресторани и кафулиња.

Во соопштението објавено од државната новинска агенција во вторник се вели дека сите ограничувања ќе завршат на 21 јуни, освен во градот Мека. Саудиска Арабија има повеќе од 76.000 потврдени случаи и 410 смртни случаи, според податоците на Џон Хопкинс.

Чиле објави рекордно дневно високо ниво од 4.895 нови случаи. Министерот за јавни работи Алфредо Морено објави во порака на Твитер дека е меѓу оние кои се тестирале позитивно, иако рече дека досега немал никакви симптоми. Чиле има околу 74.000 случаи и повеќе од 760 смртни случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG