Линкови за пристапност

Истражување: Половина Американци не би примиле вакцина за Ковид-19


Повеќето Американци очекуваат дека во текот на 2021-та ќе биде достапна вакцина за Ковид-19. Сепак, само половина велат дека би се вакцинирале, а многумина не се сигурни како би постапиле. Ова го покажува анкетата спроведена во текот на мај од страна на Истражувачкиот центар за јавни прашања на Асошиејтед прес.

Според анкетата 20% од Американците очекуваат дека вакцината ќе биде достапна за јавноста пред крајот од годинава, 61% сметаат дека тоа ќе се случи во текот на 2021-та, а 17% дека ќе биде потребно повеќе време.

Ако започне имунизирањето, 49% велат дека планираат да примат вакцина, 20% рекле дека не планираат, а 31% не се сигурни.

Истражување спроведено лани од страна на Националната фондација за заразни болести покажа сличен процент, 52% планирале да примат вакцина за грип за таа сезона.

Повозрасните Американци и оние кои се загрижени дека некој од нивното семејство може да биде заразен од вирусот се позаинтересирани за вакцина.

Од друга страна Афро Американците се заедницата која во најголем процент вели дека не планира да прими вакцина доколку таа стане достапна.

XS
SM
MD
LG