Американските регулатори ја одобрија вакцината на Фајзер против Ковид -19 за деца над 12 годишна возраст.
Американската администрација за храна и лекови објави дека вакцината е ефикасна за деца од 12 до 15 години. Истата вакцината веќе е одобрена за деца над 16 години.
„Денешната мерка ѝ овозможува на младата популација да биде заштитена од Ковид-19, при што сме поблиску до враќање на чувството на нормалност за ставање крај на пандемијата“, изјави вршителката на должноста комесарка на ФДА, Џенет Вудкок.
Вакцината на Фајзер е прва во САД што е одобрена за помлади деца. Одобрувањето доаѓа во време кога официјални лица бараат начини да го забрзаат процесот на вакцинација за милиони ученици пред да се вратат на училиште есенва.
Додека повеќето деца со Ковид-19 развиваат благи симптоми или воопшто немаат симптоми, тие може да го пренесат вирусот, на други.
Во март, Фајзер објави прелиминарни резултати од испитувањето на 2000 волонтери на возраст меѓу 12 и 15 години. Тоа покажа дека ниту еден од учесниците не покажал сериозни пост-ефекти.
Facebook Forum