Линкови за пристапност

Бројот на заболени и смртни случаи опаѓа во САД


Националниот дневен просек за инфекции го продолжи својот пад во текот на претходните две недели за 13 проценти додека за смртните случаи се намалил скоро 4 проценти

Тимот на Белата куќа за ковид соопшти дека фокусот е насочен кон исполнување на новата цел на претседателот за целосно вакцинирање на 160 милиони Американци до 4-ти јули, бидејќи инфекциите и смртните случаи продолжуваат да опаѓаат.

На брифингот од Белата куќа беше кажано дека до крајот на денот, 110 милиони Американци ќе бидат целосно вакцинирани, а 150 милиони Американци или 57 проценти ќе имаат најмалку една примена доза.

Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) исто така ќе испрати вакцини до сите центри низ земјата каде се врши вакцинирање. Матичните лекари и педијатрите исто така ќе можат да администрираат вакцини.

Директорот на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), Рошел Валенски, уште еднаш рече дека националниот дневен просек за инфекции го продолжи својот пад во текот на претходните две недели, паѓајќи за 13 проценти додека хоспитализациите паднале за 8 проценти, а смртните случаи се намалени за скоро 4 проценти во истиот период.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG