По смртоносните масовни убиства во Колорадо и Џорџија, претседателот Џо Бајден неодамна најави шест извршни наредби за кои верува дека ќе влијаат за намалување на насилството со оружје.
САД се на уникатно место од развиените земји со голема бројка на загубени животи од огнено оружје. Додека речиси сите Американци го разбираат овој проблем, има различни гледишта што е тоа што предизвикува епидемија на жртви и како да се реши предизвикот.
Таквите контрадикторни ставови повторно се појавија во јавноста по масовното убиство на 22-ри март во Боулдер, Колорадо, кога беа убиени 10 недолжни лица.
„Лесниот пристап до оружје игра критична улога во масовните убиства“ објасни Патрик Армстронг, чиј татко предавал за законите за контрола на оружјето. Армстронг живее во Њу Орлеанс, Луизијана, каде има четврта најголема стапка на убиства меѓу американските метрополи во 2019-та.
Тој истакна дека е обесхрабрувачки колку е лесно за осомничениот во Колорадо да купи оружје со кое одземал многу животи, и покрај неколкуте инциденти во минатото по кои требало да му биде забрането да поседува оружје.
Facebook Forum