Федералните и локалните власти од сојузната држава Колорадо го истражуваат минатото на човекот кој е осомничен за убиството на 10 луѓе во супермаркет во Булдер.
Ахмад Ал Аливи Алиса беше уапсен во понеделникот по нападот во продавницата која се наоѓа 25 километри од неговиот дом.
Во полицискиот извештај стои дека биле најдени повеќе предмети на местото на нападот – зелен тактички елек, пушка и полуавтоматска пушка. Во документот стои дека „имало многу крв на предметите.“
Во извештајот стои и дека од полициската база на податоци било утврдено дека Алиса купил пиштол шест дена пред нападот.
Документот исто така опишува разговор што полицајците го имале со снаата на напаѓачот. Таа им кажала дека неколку дена пред нападот Алиса „си играл“ со оружје кое на неа и личело на автоматска пушка.
Братот на Алиса за Си-Ен-Ен изјави дека тој во последно време бил параноичен и мислел дека е следен, а сето тоа започнало во 2014-та година.
Семејството на Алиса дошло во САД од Сирија, а властите велат дека тој бил во земјата најголем дел од неговиот живот.
По апсењето Алиса бил однесен во болница поради прострелна рана во ногата.