Линкови за пристапност

Насилството со оружје е епидемија и мора да престане, рече Бајден


Лидерот на малцинството во Претставничкиот дом Кевин Мекарти рече дека потегот на Бајден ќе го загрози уставното право за поседување оружје

Претседателот на САД Џо Бајден и главениот правобранител Мерик Гарленд најавија нови мерки за справување со насилството со оружје во САД.

„Ова е епидемија, и мора да престане“, рече Бајден при говорот од Белата куќа.

Новите мерки предвидуваат Одделот за правда да објави модел за закони за контрола на оружјето, кои ќе им овозможуваат на членови на семејства и на полицијата да бараат од судот да ограничи лице, кое претставува закана за нив или за некој друг, да има пристап до оружје.

Овој модел би им дозволил на сојузните држави да почнат да применуваат нивни закони.

Воведувањето на новите мерки да се спречи насилството со оружје доаѓа по неодамнешните масовни убиства во САД, вклучувајќи го убиството на десет луѓе во продавница во Колорадо, и осум луѓе во околината на Атланта.

Лидерот на малцинството во Претставничкиот дом Кевин Мекарти, рече дека потегот на Бајден ќе го загрози уставното право за поседување оружје.

„Нема да го поддржам. Ниту тоа ќе го направат републиканците во Претставничкиот дом. Следете го Уставот“, напиша Мекарти на Твитер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG