Линкови за пристапност

Пенс во Северна Каролина ја промовира заложбата за почеток на настава во училиштата


Канцеларијата на Пенс објави дека тој ќе посети приватно училиште во Рајли, кое ја продолжи наставата во училниците од минатата недела и ќе се обрати пред 300 ученици.

Со оглед дека наближува почетокот на академската година за многу училишта ширум САД, потпретседателот Мајк Пенс патува за Северна Каролина да ја промовира заложбата на претседателот Трамп за редовна настава во училниците. Многу сојузни државни им даваат на локалните општини повеќе можности за изведување на наставата во време на пандемијата со Ковид-19.

Канцеларијата на Пенс објави дека тој ќе посети приватно училиште во Рајли, кое ја продолжи наставата во училниците од минатата недела и ќе се обрати пред 300 ученици. Се планира да одржи дискусија за плановите за безбедност на училиштето.


„Отворањето на училиштата повторно, е најдобро за нашите деца“, рече Пенс за време на минатонеделната посета на Индијана. „Тоа е добро и за родителите коишто одат на работа“, рече потпретседателот.

Синдикатот на учителите во САД, кој преставува 1,7 милиони вработени во школскиот систем, пренесе дека ќе поддржи штрајк на секое локално училиште, кое ќе се спротивстави на мерката на отворање на училиштата со редовна настава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG