САД ја почнаа крајната фаза на тестирање на безбедноста и ефективноста на двете потенцијални вакцини против КОВИД-19.
Волонтер од Савана, Џорџија вчера прими прва доза од експерименталната вакцина на компанијата Модерна, која е развиена од истражувачите во Националниот институт за алергија и заразни болести.
Тој е прв меѓу 30.000 здрави луѓе низ државата, кои ќе примат две дози од оваа вакцина во наредните неколку недели.
Во претходната фаза на испитување, научниците открија дека иако никој од волонтерите не добил сериозни негативни последици од новата вакцина, повеќе од половина пријавиле симптоми, како малаксаност, главоболка, треска и болка во мускулите.
Доктор Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алегија и заразни болести, рече дека првите реузлтати од тестирањето може да се знаат најрано во ноември.
Ако, тестирањето е успешно, компанијата Модерна ќе произведе 500 милиони дози, со надеж да прави милијарди дози годишно, почнувајќи од 2021 година.
Вторта експериментална вакцина, направена од фармацевтската фирма Фајзер, во соработка со германска компанија, исто така, ќе биде тестирана на 30.000 луѓе во САД, Бразил, Аргентина и во Германија.
Компанијата Фајзер потпиша договор со САД од 1,95 милијради долари за производство на 100 милиони дози вакцина, доколку вакцината се покажа безбедна и ефективна.
Научниците, кои работат на овие два проекта, користат нов процес за подобрување на ефикасноста на нивните вакцини.
Facebook Forum