Линкови за пристапност

Тренчовски: Основата на секој добар филм е приказната


Тренчовски: Основата на секој добар филм е приказната
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Тренчовски: Основата на секој добар филм е приказната

Како режисер смета дека единствен начин на изразување е јазикот на филмот и на театарот

„Или се изразувам со филмски производ или преку претстава“ - коментира Горан Тренчовски за Гласот на Америка на маргините на Филмскиот фестивал во Торонто.

Добрата приказна, ги фаќа в „канџи“ гледачите, потенцира режисерот и сценарист на „Златната петорка“ Горан Тренчовски. Македонската кинематографија доживува препород, но тоа е` пред се` благодарение на ентузијазмот - вели овој реномиран режисер, и потенцира дека биле потребни 65 години да се направи филм по мотивите на настан кога мистериозно се ликвидирани пет студенти.

Но, зошто, токму, денес?

„Сметам дека направивме еден доста добар спој меѓу она што ги крепело генерациите пред 50 години и она што нас не тангира како носители на едно ново време во кинематографијата, воопшто“, додата Тренчовски.

Се појави една храбра, елоквентна генерација филмски работници, вели тој, и смета дека треба да се поддржуваат автори кои отвораат теми кои се малку валоризирани, верифицирани:

„Mладите автори, треба да наоѓаат теми кои не се отворани, разоткривани, на филмски начин...и да вложат максимум да го дадат, својот креативен удел“, коментира овој режисер.

Затоа, „Златната петорка“, според него, е филм во кои препознал моменти од локалното милје, и ги вметнал во универзален, глобален контекст. Приказната е препознатлива, и може да комуницира и во САД, во Европа, Балканот...

Идејата за „Златната петорка“ датира уште од 2001-ва. Претежно е сниман на автентични локации на општина Струмица.

За 2017-ма, најави театарска претстава: „Се работи за „Јон Габриел Боркман“ од Хенрик Ибзен. Поставувањето на таа пиеса ќе биде новитет. Напишана пред точно 120 години, но актуелна како да е пишувана – сега“, заклучи Тренчовски во интервјуто за Гладот на Америка.

XS
SM
MD
LG