Линкови за пристапност

11-то издание на македонскиот филм во Торонто


11-то издание на Македонскиот филм во Торонто
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

11-то издание на Македонскиот филм во Торонто

Фестивалот синоќа беше затворен со „Златната петорка“ на Горан Тренчовски

Со преку 20-тини документарци, кусометражни, долгометражи филмови, акцентот годинава беше ставен на пет екранизирани дела од филмскиот опус на семејството Цветановски, вклучувајќи го и најновите на режисерот Гоце Цветановски - „Детето во светот“, еден патувачки мемоар за неговиот татко Љубе.

Како и вообичаено на репортоарот доминираа теми кои го одбележаа и истакнува комплексниот македонски идентитет и неговите современи предизвици. Камерата на Гласот на Америка ги регистираше очекувањата, впечатоците, критиката од бројната публиката, како и на режисери чие време допрва доаѓа.

Фестивалот синоќа беше затворен со „Златната петорка“ на Горан Тренчовски, приказна за петмина струмички студенти кои во 1951 биле убиени под сомнителни околности, филм кој побуди голем интерес.

Елизабет Наумовски е од Бордот на директори на Филмскиот фестивал. Вели - уметноста е извонреден облик на изразување – „Филмот претставува музика, јазик, облека, пејзажи локации. Најдобар начин за странците да дознаат од каде доаѓаме“.

Филмскиот фестивал е важен и за генерација, таканаречени Милениумци – „Важно е за мојата генерација да видат филмови и да ја разберат земјата на своите предци, на своите родители, нивниот порив, зошто заминале во потрага по подобар живот“, вели еден 30-годишник со македонско потекло.

Брилијантно е да се види културното наследство, за минатото, сегашноста, иднината. Се чекаше редица за билет повеќе. Актери, режисери, љубители на филмот во киното Карлстон во центарот на Торонто. Македонскиот филмски фестивал ќе расте само ако расте бројноста на публиката вели организаторката Вирџинија Еванс, која над една деценија неуморно работи на реализирање на филмската смотра, која секоја година, традиционално се одржува во главниот град за филмот во Канада.

XS
SM
MD
LG