Линкови за пристапност

Џозеф: Администрацијата на Бајден да наметне поголемо американско учество на Балканот, не од воен туку од политички аспект


Едвард Џозеф за македонско-бугарските предизвици
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:22 0:00

Едвард Џозеф за македонско-бугарските предизвици

Уште еднаш САД треба да реагираат на Балканот, каде ЕУ не може да постигне поместување на позициите, коментира аналитичарот од Школата за напредни и меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Глас на Америка: Дали со Северна Македонија згаснуваат идеалите на ЕУ?

Ситуацијата меѓу Северна Македонија и Бугарија е огромен сериозен предизвик за ЕУ
Џозеф, аналитичар


Едвард Џозеф: Ситуацијата меѓу Северна Македонија и Бугарија е огромен сериозен предизвик за ЕУ и клучен предизвик за визијата на ЕУ и САД за интеграцијата на Балканот. Неуспехот да се реши брзо, на рамноправна основа, ќе го дестабилизира регионот, и ќе ја отвори вратата за влез на Русија и Кина.

Како што многупати сум спомнал за релациите меѓу Србија и Косово, се работи за манифестирање на сила од посилниот кон послабиот, вели Џозеф и потенцира:

Се работи за манифестирање на сила. Софија има моќ, како членка во ЕУ, и го блокира отпочнувањето на преговорите на Северна Македонија, која ги заслужи. Северна Македонија стори тоа што неа се бараше, дури и повеќе од некои други земји. Бугарија од позиција на членка поставува нерационални барања за македонскиот идентитет, коментира овој аналитичар од Вашингтон.

За него, клучно е откочување на европската перспектива, која ја засега не само Македонија, туку и другите земји во регионот.

Најважно е да се отстрани пат-позицијата во која се наоѓа Балканот, која создава простор за понатамошно кинеско и руско влијание, а тоа ги деморализира граѓаните на Македонија, но и на Албанија.
Џозеф, аналитичар


„Најважно е да се отстрани пат-позицијата во која се наоѓа Балканот, која создава простор за понатамошно кинеско и руско влијание, а тоа ги деморализира граѓаните на Македонија, но и на Албанија. Овие две држави се држат во заложништво поради неразумни барања од Бугарија за коригирање на историјата, од гледиште на Софија“, додава Џозеф.

Во случајот со Македонија и бугарското вето, Џозеф вели дека ЕУ ги прекршува и своите повелби и заложби, но и процедури.

„ЕУ има стандардизирана политика со која не може да прими билатерални прашања во пристапните преговори. А, тоа го прави. Ова е кршење и предизвик за самата Унијата и нејзините процедури. Унијата не ги држи одговорни членките за своето однесување и во случајот со Бугарија кон Северна Македонија, и Албанија како колатерална жртва, со манифестирање сила од позиција на членка во ЕУ“, констатира Џозеф.

Со оглед на актуелниот застој во проширувањето и неможноста на ЕУ да најде решение за билатерални предизвици, кои го кочат Западниот Балкан, Едвард Џозеф не исклучува потреба од поголем ангажман од САД, и тоа денес.

И денес, кога Бајден е претседател, иронично, потребно е поголемо американско учество, не од воен туку од политички аспект.
Џозеф, аналитичар


„Ова е иронично. Затоа што знаме дека токму Џо Бајден во 1990-тите, рече дека станува збор за американски интереси во регионот со оглед на поделбата во Унијата, и токму Бајден од администрацијата на Бил Клинтон поттикна поголем американски ангажман во регионот. И денес, кога Бајден е претседател, иронично, потребно е поголемо американско учество, не од воен туку од политички аспект. Уште еднаш САД треба да реагираат на Балканот, каде ЕУ не може да постигне поместување на позициите. Вашингтон, заедно со Брисел треба да го зголеми притисокот врз Софија, за олеснување на процесот, заклучува овој аналитичар и добар познавач на Балканот од Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG