Лидерите во Сенатот и Претставничкиот дом подготвуват одвоени резервни планови за решавање на ситуацијата со националниот долг и владиниот дефицит откако на средбата неделата Белата куќа и Конгресот не постигнаа натпартиски договор.
Првиот човек на републиканското мнозинство во Претставничкиот дом, Џон Бејнер ги повика републиканските законодавци да ја поддржат, како што ја нарече, „новата мерка“ за краткорочно продолжување на грницата за позајмување придружувана со пакет скратувања на трошоците. Бејнер претходно изјави дека не е сигурен оти воопшто може да се постигне натпартиски договор.
Лидерот на сенатското мнозинство Хари Рид , стои на ставот дека треба да се постигне договор за долгорочно кревање на границата за владино позајмување, истовремено намалувајќи трилиони долари во трошоци.
Претседателот Барак Обама истакна дека се залага за амбициозен пакет-мерки за намалување на долгот, што ќе го тргне прашањето од агендата за по изборите во 2012-та година.
Доколку не биде постигната спогодба до 2-ри август, владата не ќе има доволно пари да ги исполни своите финансиски обврски.