Американскиот претседател Барак Обама постигна договор со конгресните водачи од обете партии за подигање на границата до која владата може да позајмува.
Договорот предвидува кратење на владините трошоци од еден трилион долари во наредните 10 години, како и формирање на конгресна двопартиска работна група со задача да работи на дополнителни скратувања од 1,5 трилиони. Групата ќе разгледа и други можности, како зголемување на даноците и кратења во здравственото осигурување.
Конгресот допрва треба да се изјасни за договорот, што се очекува да мине во Сенатот, каде контролата ја имаат демократите, но најверојатно ќе наиде на противење во Претставничкиот дом, каде мнозинство се републиканците.