Линкови за пристапност

Скок од нови случаи на коронавирус во светот


САД имаат речиси 4,5 милиони случаи на Ковид-19 и повеќе од 152.000 починаа од вирусот, според истражувачкиот центар при Универзитетот Џонс Хопкинс.

Бројката на заразени и починати од Ковид-19 ширум САД продолжува да се искачува, а тројцата виши владини здравствени претставници треба денеска да сведочат пред конгресна комисија за одговорот на Белата куќа кон пандемијата.

Д-р Антони Фаучи
Д-р Антони Фаучи

Тројцата официјални лица – Д-р Антони Фаучи, главниот експерт за заразни болести; директорот на Центарот за контрола и заштита на болести д-р Роберт Редфилд, и заменикот-секретар за здравство, адмиралот Брет Гирор, главен шеф во администрацијата на претседателот Трамп за тестирање против Ковид-19.

САД имаат речиси 4,5 милиони случаи на Ковид-19 и повеќе од 152.000 починаа од вирусот, според истражувачкиот центар при Универзитетот Џонс Хопкинс.

Во светот има 17,3 милиони случаи на Ковид-19.

Повторниот скок на позитивни случаи со коронавирус, во многу држави се должи делумно на фактот дека многу млади луѓе не ги почитуваат мерки за заштита за време на летниот период, предупреди генералниот секретар на Светската здравствена организација.

Млади лица, многумина без маски, ги игнорираат препораките за социјално дистанцирање по клубовите, ноќните барови и плажите откако властите ширум светот ги укинаа рестрикциите врзани со коронавирусот.

„Мнозинството млади, заразени со коронавирусот имаат благи симптоми, но не секогаш тоа е случај“, предупреди Мариа Ван Керхови, епидемиолог при СЗО.

Во Бразил, претседателот Жаир Болсонаро кој беше тестиран позитивен на коронавирус на 7-ми јули, а негативен, минатата саботата, изјави дека бил лекуван со антибиотици. Неколкупати се осврна на Ковид-19 како „минорен грип“.

Бразил има 2, 6 милиони потврдени случаи и над 90.000 починати од коронавирусот, според податоците од Џонс Хопкинс - https://coronavirus.jhu.edu/map.html

Меѓу потврдените случаи е ѝ првата дама на Бразил Мишел Болсонаро, која беше тестирана позитивна синоќа.

Северозападниот дел на Шпанија, Каталонија ги предупреди младите да престанат со забавите и оти властите ќе воведат пожестоки рестриктивни мерки.

Скок на нови случаи во Барселона, властите најавуваат нови рестриктивни мерки
Скок на нови случаи во Барселона, властите најавуваат нови рестриктивни мерки

Британија регистрираше нови 846 случаи, а министерот за здравство и социјална заштита Мат Ханкок предупреди дека втор бран од коронавирусот се шири низ Европа, и Британија мора да се подготви да се одбрани.

„Мошне е важно за нашата држава да продолжиме да се фокусираме и да бидеме дисциплинирани со мерките за социјално дистанцирање“, рече премиерот Борис Џонсон.

Повеќе од 20 држави во Африка имаа зголемен број на случаи од претходните недели. Најмногу има Јужна Африка, па следат Кенија, Мадагаскар, Нигерија, Замбија и Зимбабве.

Здравствени работници на терен во Мајами, Флорида
Здравствени работници на терен во Мајами, Флорида

Во САД, Флорида со 460.000 позитивни случаи и над 6000 починати е веднаш зад Калифорнија, која води со 492.000 позитивни и над 8900 починати од Ковид-19.

Магазинот Нешнал Географик јави дека првото куче кое беше заболено од Ковид-19 во САД, починало.

Светската здравствена организација објави дека мали се шансите за пренесување на коронавирус од домашно животно на човек.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG