Во Претставничкиот дом на САД од денеска е задолжително носењето на маска на лицето, по наредба на спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, која се соочи со зголемен притисок да одговори на безбедносните прашања во еден од најважните канцелариски комплекси на нацијата.
Пелоси ја издаде наредбата доцна во средата, откако американскиот конгресмен Луи Гомерт се тестираше позитивно на коронавирусот. Гомерт неодамна беше виден без маска на Капитол Хил.
По дијагностицирањето, Гомерт за новинската станица КЕТК во Тексас изјави дека во изминатата недела повремено носел маска.
Во интервју за Си-Ен-Ен минатиот месец тој рече дека не носи маска затоа што редовно се тестира за коронавирусот.
„Немам коронавирус“, рече Гомерт. „Но, ако го добијам, никогаш нема да ме видите без маска“.
66-годишниот републикански законодавец присуствуваше на расправа на Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом во вторникот со јавниот правобранител Вилијам Бар, при што претседателот Џери Надлер критикуваше неколку други републиканци затоа што не носат маски.
Според новата политика за носење на маски во Претставничкиот дом, сите членови на Конгресот и вработените се должни да носат маска цело време додека сево зградите на Капитол хил.
Facebook Forum