Линкови за пристапност

Фармацевтскиот гигант Мерк ќе му помогне на Џонсон и Џонсон во производството на вакцина против Ковид-19


Претседателот Бајден ќе објави детали од планот меѓу двете фармацевтски компании

Американскиот фармацевтски гигант Мерк се согласил да му помогне на ривалот Џонсон и Џонсон за новата вакцина против коронавирусот со цел да се забрза производството на милиони нови дози од вакцината со една доза, кои што треба да бидат испорачани за милиони Американци следните месеци, објави Белата куќа.

Џонсон и Џонсон објави дека се соочи со неочекувани проблеми со производството, иако минатиот викенд му беше одобрено од властите, по итна, вонредна постапка, да почне да произведува вакцина. Компанијата досега произведе 3,9 милиони вакцини, но потенцираше дека е на посакуваното темпо, да произведе 100 милиони дози до крајот на јуни.

Претседателот Бајден ќе објави детали од планот меѓу двете фармацевтски компании. Според договорот, Мерк, ќе користи две локации во САД, кои ќе помогнат во процесот на производство.

Договорот на Мерк со ривалот од областа на фармацевтската сфера, нагло ќе го зголеми бројот на дози што Џонсон и Џонсон, треба самиот да ги достави, потенцираа официјални лица.

САД сега имаат три компании, кој се одобрени од ФДА, за производство на вакцини против Ковид-19, Фајзер-БиоНтех, Модерна, и Џонсон и Џонсон.

XS
SM
MD
LG