Линкови за пристапност

Ковид-19: САД со рекордни 62.000 хоспитализации во еден ден


Во САД има повеќе од еден милион нови случаи на Ковид-19, само во првите 10 дена од ноември, и во просек по 110.000 нови позитивни, секој ден.

САД регистираа рекордни 61.964 хоспитализирани во вторникот од Ковид-19, што го урнаа претходниот најголем еднодневен рекорд од средината на април за 2000 луѓе.

Растечката хоспитализација со пациенти со Ковид-19 ширум САД го обременува капацитетот на бројни здравствени установи, особено во неколку западни сојузни држави. Некои болници поставија монтажни шатори за примање на нови пациенти, а некои, беа принудени да ги префрлаат пациентите во други болници поради презафатеност.

САД водат во светот со повеќе од 10,1 милион случаи на Ковид-19, вклучувајќи и 130.898 нови позитивни само во вторникот, според интернет-страницата за следење на пандемијата - https://covidtracking.com/data

Во САД има повеќе од еден милион нови случаи на Ковид-19, само во првите 10 дена од ноември, и во просек по 110.000 нови позитивни, секој ден.

Тестирање во Висконсин
Тестирање во Висконсин

Со оглед на влошувањето на пандемијата ширум САД, Центарот за контрола и превенција на болести ги преразгледува прописите за носење заштитни маски. Од федералната Агенција за здравје објавија дека носењето маска, не ги штити само другите луѓе, туку и лицето кое носи маска.

Во другите делови од светот, Иран и Либан се приклучија на растечката листа на земји коишто воведуваат нови рестрикции поради скокот со нови случаи на Ковид-19.

Иран нареди сите ресторани и бизниси кои не спаѓаат како неопходни во Техеран да затворат после шест часот попладне по локално време. Во Либан премиерот Хасад Даиб најави едномесечен карантин во земјата кој почнува од сабота.

Иран има повеќе од 700.000 потврдени случаи со Ковид-19, вклучувајќи и 10.339 само синоќа, според Истражувачкиот центар на Џонс Хопкинс, додека Либан има 96.907 потврдени случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG