Линкови за пристапност

Вирусот однесе 30 животи во едно деноноќие


Над 15 илјади заболени и илјада хоспитализирани. Министерот Филипче исклучува воведување на полициски час. Кревети има доволно по ставње во погон на Интерните клиники. Се поголем број на здравствени работници се заболени и изолација што е дополнителен терет на и онака исцрпените медицински тимови

СКОПЈЕ - Најтежок ден од почетокот на епидемијата во Северна Македонија. Коронавирусот однесе 30 животи. Во последното деноноќие се регистрирани и 947 новозаболени, повеќе од половината - 530 случаи, се во Скопје најголемото жариште на вирусот во државата.Направени се 3.042 теста од кои 31 отсто се позитивни.

„Починати се 30 лица, шест пациенти од Скопје (57, 66, 80, 64, 54 и 68г), пет од Куманово (58, 64, 67, 68 и 78г), еден пациент од Штип (67г), тројца од Прилеп (58, 57 и 72г), пет од Тетово (83, 60, 62, 69 и 58г), еден пациент од Битола (78г), пет од Кавадарци (73, 74, 70, 77 и 70г), еден од Гостивар (67г), двајца од Радовиш (71 и 68г) и еден пациент од Кочани (52г)“, соопштија од Министерството за здравство.

Досега битката со вирусот ја загубија 1.186 лица.

Во моментов активни се 15.116 случаи а најмногу има во Скопје - 7.307. Трицифрени бројки на заболени има во уште 19 града низ државата а во некои како Куманово, Тетово, Велес, Прилеп и Битола таа бројка изнесува над 500 заболени.

Бројката на хоспитализирани надмина илјада. Во Скопје и останатите болници и клиники низ Македонија се хоспитализирани 1.072 пациенти покажуваат официјалните податоци на здравство.

Надлежните смируваат, кревети има доволно, единствено во Градската Болница „8 Септември “ и болниците во Струмица и Куманово се исполнети капацитетите. Интерните клините во Скопје кои се пренаменети во Ковид центри и располагаат со околу 150 кревети го амортизираа напливот на пациенти кои мораа да се хоспитализираат.

„На Интерните клиники има слободни кревети, пристап до кислород и сé што е потребно за лекување на пациентите. Огромен е притисокот во изминатите денови меѓутоа со ова дополнително обезбедување на болнички капацитети, оспособување на интерните одделенија, подготовката на кадарот, системот на ротација, обезбедени се слободни капацитети. И за периодот којшто доаѓа имаме план за сместување на пациенти и на други интерни клиники и секако план за распоред на стручниот кадар“, изјави министерот Филипче.

Меѓутоа загрижувачка е ситацијата со лекарите, медицинските сестри и останатиот шероснал кои освен премореноста сега се соочуваат и со се поголем број на колеги кои се заболени или пак во изолација. Преку 250 здравствени работници во моментов се заболени или во изолација. Само во Скопје има 94 здравствени работници кои се надвор од погон. Во Велес се 26, во Куманово и Штип по 21, во Струмица 19 а во Охрид и Струга вкупно четириесетина.

„Имаме околу 20 медицински кадар кој е изолиран или позитивен. Тие најверојатно однадвор се заразени а не само од болницата и во моментов со ротација се обидуваме да ги покриеме сите недостатоци. Сите одделенија работат“, изјави Горан Балевски, директор на Болницата во Охрид за телевизија „Телма“.

Комисијата за заразни болести одлучила дека ќе почека да ги види резултатите од сегашните рестриктивни мерки, од кои најнова е забрана за групирање на отворено во текот на целиот ден освен на местата каде што тоа е невозможно како пазарите, постојките и јавниот превоз и дека засега нема да предложи вовведување на полициски час.

„Засега нема потреба од воведување полициски час, рестриктивните мерки што се досега донесени се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резулат во следниот период. Нема потреба ниту од регионални карантини и прекин на меѓуградскиот и меѓуопштинскиот превоз. Во секој случај ја следиме ситуацијата и ако се наметне потреба тоа ќе биде една од опцииите“, објасни министерот Филипче.

На почетокот на идната година, односно во јануари или февруари во Северна Македонија ќе ги добие првите вакцини против Ковид - 19 преку „Ковакс“ маханизмот. Во моментов две комапнии „Фејзер“ и „Астра Зенека“ се во напредна фаза на создавање на вакцината.

„Верувам дека ќе дадат одобрување по таа т.н.ургентна постапка и дека некаде до Нова година, такви се очекувањата, ќе добие дозвола и двете вакцини да бидат дистрибуирани. Ние ги очекуваме преку Ковакс механизмот, од чиј дел се овие две компании“, рече Филипче и додаде дека Полска и Грција веќе дале согласност евентиалниот вишок на вакцини да го достават во нашата држава.

Денеска почна и вакцинацијата против сезонски грип а во Скопје првите две и пол илјади вакцини веднаш се потрошија.

„Почна вакцинацијата против сезонски грип за ранливите категории граѓани, лицата над 64 години, бремените жени и децата. Во пунктовите на здраствен дом распределени се вкупно 2 илјади и 500-тини вакцини. Веднаш штом ги потрошат, ќе добијат нови дози“, објасни Виктор Исијановски директор на здравствниот дом Скопје.

Вакицните се распределуваат и во останатите градови низ државата а на почетокот на идната недела ќе бидат доставени нови колични. Според најавите на здравствените власти набавени се вкупно 40 илјади вакцини.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG