Линкови за пристапност

Фајзер вели дека вакцината за Ковид-19 покажала 90 проценти ефикасност при тестирањето


Компанијата заедно со германски партнер вели дека се потребни повеќе тестови за нејзината безбедност

Фармацевтската компанија Фајзер вели дека тестирањето во доцните фази на нејзината потенцијална вакцина за Ковид-19покажува дека е ефикасно повеќе од 90 проценти.

Претседателот и извршниот директор na компанијата, Алберт Бурла, заедно со нејзиниот партнер, BioNTech, го објавија соопштението во понеделникот во врска со Фазата 3, доцна фаза на проучување на нивната потенцијална вакцина. Во соопштението се вели дека студијата покажала дека вакцината е ефикасна повеќе од 90 проценти во спречување на вирусот кај учесниците без докази за претходна инфекција во првата привремена анализа на ефикасноста.

Анализата е спроведена од независен одбор за мониторинг на податоци, кој испитувал 94 инфекции проследени досега во студијата што опфаќа близу 44 000 лица во САД и уште пет други земји.

Во својата изјава, Бурла рече дека резултатите покажуваат оти потенцијалната вакцина може да помогне во спречување на КОВИД-19 кај повеќето луѓе кои ја примаат. Тој, сепак, предупреди дека иако ова е важен прв чекор, само овие резултати за ефикасноста нема да им дозволат на компаниите да аплицираат за Овластување за итна употреба кај Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА).

Тој рече дека се потребни повеќе податоци за безбедноста, додавајќи: „Ние продолжуваме да ги акумулираме тие податоци за безбедност како дел од нашата тековна клиничка студија.“

„Ние проценуваме дека просекот на двомесечните безбедносни податоци по втората и последната доза на кандидат за вакцина - што го бара упатството на ФДА за потенцијално овластување за употреба во итни случаи - ќе биде достапен до третата недела од ноември“, рече тој.

Врвниот експерт за инфективни болести во САД, д-р Ентони Фаучи, изјави дека бара вакцина со ефикасност од 70 до 75 проценти и дека дури и 50 проценти се прифатливи.

Од неговиот профил на Твитер, американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на пријавената ефикасност од 90 проценти, нарекувајќи ја „многу голема вест“ и дека берзата соодветно одговорила на веста.

Новоизбраниот претседател Џо Бајден го пофали развојот објавен од Фајзер во изјава во понеделникот, но предупреди дека „крајот на битката против Ковид-19 е сеуште далеку неколку месеци“.

Веста доаѓа во време кога производителите на лекови и истражувачките центри ширум светот се обидуваат да донесат безбедна и ефикасна вакцина во обид да се стави крај на пандемијата на коронавирусoот, која однесе повеќе од 1,25 милиони животи ширум светот, според универзитетот Џонс Хопкинс.

XS
SM
MD
LG