Линкови за пристапност

Ковид-19: Мелбурн го продолжи карантинот за уште недела


Карантинот првично беше воведен над цела држава минатата недела откако здравствени лица детектираа разни заразни варијации на вирусот којшто рапидно се прошири низ Викторија.

Властите во австралиската јужна држава Викторија го продолжија карантинот за уште една недела во главниот град Мелбурн, за да го спречат ширењето на Ковид-19.

Карантинот првично беше воведен на цела држава минатата недела откако здравствени лица детектираа разни заразни варијации на вирусот којшто рапидно се прошири низ Викторија.


Здравствените лица објавија за шест нови случаи на Ковид-19, при што вкупната бројка на заразени стаса до 60.


Иако петте милиони жители на Мелбурн и натаму живеат под стриктни рестрикции до 10-ти јуни, мерките беа укинати за жителите во регионалниот дел на Викторија, каде има само ограничувања за јавни собирања и капацитетот на рестораните.

Новиот карантин е четврти во Мелбурн и државата Викторија од почетокот на пандемијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG