Линкови за пристапност

Јапонија размислува за Ковид проверки за посетителите на Олимпијадата


Јапонски весник објави дека потенцијалните посетители на Олимписките игри во Токио ќе мора да покажат доказ дека примиле вакцина против Ковид-19 или негативен тест за вирусот.

Владини претставници ги разгледуваат мерките за превенција како забрана за јадење, гласно навивање или поздравување меѓу публиката, пишува во текстот на Yomiuri Shimbun.

Најавите за рестрикции веројатно ќе фрлат дополнителна сенка на Олимпијадата која се соочува со се поголемо негодување во јавноста поради новиот бран на инфекции кои се шири низ Јапонија и поради нискиот процент на имунизација.

Во Токио и неколку други региони на Јапонија во сила е вонредна состојба која требаше да истече денеска, но која беше продолжена до 20-ти јуни, еден месец пред почетокот на Игрите.

На Олимпијадата нема да биде дозволена публика од странство.

Игрите треба да се одржат една година по одложувањето поради пандемијата.

Најново истражување на јавното мислење објавено од весникот Nikkei покажува дека 60% од испитаниците сакаат Игрите да бидат повторно одложени или целосно откажани, а само 34% се залагаат за нивно одржување според планот.

Минатата недела весникот Asahi Shimbun кој е голем спонзор на Игрите објави уреднички став во кој повика на откажување на Олимпијадата. Асоцијацијата на лекари од Токио која застапува околу 6.000 лекари исто така повика на откажување на Игрите.

XS
SM
MD
LG