Линкови за пристапност

САД: Компаниите со поддршка за протестите ширум нацијата


Ова е прв пат бројни деловни компании да искажат јавно став

Американските компании се вообичаено дискретни за време на протести. Но, не и овојпат.

Фирми од сферата на технологија, банкарството и светот за забавата, издадоа соопштенија со поддршка за демонстрантите против третманот на Афроамериканците од страна на полицијата.

„Шокиран сум колку многу извршни директори се огласија за прв пат“, вели Кели Мекехани, професорка на Школата за бизнис при Беркли и основач на Центарот за еднаквост, лидерство и полова рамноправност.


Компаниите „ги водат луѓе“, рече таа. „Тие имаат и црнци и од други малцинства, вработени, извршни лица, муштерии. Постои ризик, но бенефициите се поголеми од ризиците“, наведе Мекехани.

Нетликс се огласи дека „дека ако молчиш, премолчено се согласуваш“ и додаде дека како компанија имаат должност кон црните вработени, муштерии, кредитори, да се произнесат јавно.


Гугл ја промени насловната страница за пребарување со слоганот – „стоиме за поддршка на расна еднаквост, и зад сите кои се во потрага по неа“.

Твитер го смени профилот со хаштегот - #BlackLivesMatter

Извршниот директор на Микрософт, Сатиа Недела побара од извршните луѓе во компанијата да ја придружат во барањата за промени во компанијата, во заедницата, во општеството“.

Во 2018-та, Најки објави реклама за поддршка на Колин Каперник, поранешен професионален фудбалер кој протестираше против третманот на Афро-американците од полицијата. На некои им се допадна, некои ги палеа производите на Најки. Но, контроверзната реклама, конечно не ја погоди компанијата, според извештаите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG