Линкови за пристапност

Распит во конгресна комисија со првите луѓе од здравствениот сектор во САД


Д-р Фаучи е меѓу поугледните здравствени лица коишто препорачуваат дека фокусот не треба да биде на вториот бран на вирусот во САД, зашто, земјата се уште не го надминала првиот.

Високи официјални здравствени лица ќе сведочат пред конгресна комисија во време кога делови од земјата бележат скок на нови случаи со коронавирус и нов бран пациенти по болниците.

Меѓу официјалните лица кои ќе се бидат на распитот во конгресната комисија за енергетика и трговија каде фокусот ќе биде на одговорот на администрацијата на претседателот Трамп на пандемијата, ќе бидат д-р Ентони Фаучи, шефот на Националниот институт за алергии и заразни болести, директорот на Центарот за контрола и превенција на болести д-р Роберт Редфилд, шефот на администрацијата за храна и лекови д-р Стивен Хан, и првиот човек на Агенцијата за јавно здравје, Брет Гирор.

Д-р Фаучи е меѓу поугледните здравствени лица коишто препорачуваат дека фокусот не треба да биде на вториот бран на вирусот во САД, зашто, земјата се уште не го надминала првиот.

Многу сојузни држави се во фаза на олеснување на ограничувањата за социјално дистанцирање, првично воведени за запирање на ширењето на вирусот, и покрај неодамнешниот скок од новозаразени кај половина од 50-те држави.

Во САД во моментов има над 120.000 жртви и 2,3 милиони заразени од коронавирус.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG