Линкови за пристапност

СЗО: Ако вирусот продолжи да се шири вака, здравствениот систем нема да издржи


СЗО: Во рацете на луѓето е да го спречат ширењето на вирусот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Во рацете на луѓето е дали сакаат да продолжат по овој пат или да направат разлика, и да го спречат ширењето на вирусот, рече Џихане Тавила, висока претставничка на Светската здравствена организација во Скопје

Однесувањето на луѓето е најголем проблем сега во борбата против коронавирусот, вели Џихане Тавила, висока претставничка на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје.

„Во рацете на луѓето е дали сакаат да продолажт по овој пат или да направат разлика, и да го спречат ширењето на вирусот“, рече Тавила за Гласот на Америка, реагирајќи на речиси двојното зголемување на зарзени од почетокот на пандемијата.

„Важно е да се разбере дека е многу тешко да се справувате со однесувањето на луѓето. Индивдуалната заштита е единственото нешто што го имаме в раце. Ќе биде тешко да се оди назад кон рестрикции. Ќе има глемо влијание врз моралот на луѓето и вработувањето “, рече таа.

Нагласи дека здравствениот капацитет на државата се наоѓа во критична ситуација.

„Сега сме во сериозна ситуација, бидејќи здравствените капацитети не се неограничени. Не е неограничен бројот на епидемиолозите кои треба да ги следат контактите на заразените. Напорите на здравствените работници се херојски. Луѓето треба да го заштитат капацитетот на здравствениот систем, а не да го отежнат“, рече Тавила.

А мерките се едноставни и евтини, вели таа. Држење физичко растојание од најмалку два метра, носење маска и миење раце.

„Ова треба да биде дел од нашата дневна рутина“, рече таа.

Една од причините за зголемувањето на бројот на заразени се и лажните вести.

„Луѓето имаат потешкотии да направат разлика меѓу вистинска и лажна информација. Понекогаш не веруваат ниту дека вирусот постои. Јас ве уверувам дека тоа што ќе го слушнете од властите е вистина. Граѓаните треба да ја почитуваат транспарентноста, а не да ја доведуваат во прашање“, смета Тавила.

А еве што рече како да се убедат луѓето во тоа:

„Да се подобри дијалгот со заедницата, да се работи на нивните вредности. На пример, мора да им кажеме на луѓето дека ако вирусот продолжи да се шири нема да можат да одат на работа. И локалните власти треба да помогнат во ова“.

Не верува дека парични и затворски казни би го спречиле ширењето на вирусот, и оти единствен начин за заштита, додека да се направи вакцина, е единствено секој да ги почитува мерките.

Рече дека тоа ќе биде важно и на изборите, за кои СЗО има направено водич како да се организираат безбедно.

Според неа, никој не може да предвиди дали ќе има втор бран наесен, но, нагласи дека ако вирусот продолжи да се шири како сега, здравствениот систем нема да може да издржи дополнителен притисок од можни нови вируси во тој период од годината.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус, предупреди дека ширењето на вирусот во светот се забрзува, а за тоа да се спречи ќе биде потребна глобална солидарност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG