Линкови за пристапност

СЗО: Најголем скок во еден ден на новозаразени во светот


Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус изјави дека најголема закана не е вирусот, туку недостиг од „глобална солидарност и лидерство“.

Светската здравствена организација објави дека има глобален пораст од 183.000 нови потврдени случаи на КОВИД-19, најголемо зголемување во еден ден од почетокот на пандемијата.

Официјални лица од СЗО потврдија дека веќе неколку недели фокусот е на Северна и Јужна Америка, и податоците укажуваат дека предводи Бразил со 55.000 нови случаи, зад него се САД со над 36.000, и Индија со 15.000 нови случаи позитивни на коровонавирус.

Плажа во Рио, Бразил
Плажа во Рио, Бразил

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус изјави дека најголема закана не е вирусот, туку недостиг од „глобална солидарност и лидерство“.

„Не можеме да ја победи пандемијата во поделен свет“, изјави тој.


Повеќе од десетина сојузни држави во САД имаат пораст на бројката заразени случаи. Доктор Том Инглсби, директор на Центарот за здравствена безбедност при Универзитетот Џонс Хопкинс за Фокс Њуз изјави дека зголемувањето е комбинација од повеќе тестирања и реален скок на заразените.

Нов Зеланд јави за девет нови случаи, и сите се наоѓаат на изолирана локација.

И Јужна Кореја има проблем со зголемување на бројката на нови случаи. Денеска објави за 17.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG