Линкови за пристапност

Бугарија, на министерско ниво, го блокираше усвојувањето на преговарачката рамка со Северна Македонија


Бугарија стави вето врз Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Бугарија стави вето врз Северна Македонија

Оптимизмот на Берлин дека и покрај денешниот неуспех, пробив сепак ќе има, го дели и Европската комисија – смета дека е прашање на време кога ќе се надмине и овој последен проблем за земјава да ги почне пристапните преговори

Денеска Софија ги реализираше заканите за вето поради, како што таа аргументира, отворените прашања со Скопје. Германското претседателство со Советот на Унијата, кое во изминатите месеци, директно се вклучи во менаџирање на процесот и ја презеде клучната олеснувачка улога, не го криеше разочарувањето од несупехот.

Германскиот министер Рот, ваквиот епилог, го нарече удар за политиката на проширување и кредибилност на ЕУ на западниот Балкан.

Тоа е горчлив удар за нашата политика кон Западен Балкан чија цел е да ја зајакнеме стабилноста и демократијата во регионот.
Рот, министер за европски прашања на Германија


„Тоа е горчлив удар за нашата политика кон Западен Балкан чија цел е да ја зајакнеме стабилноста и демократијата во регионот. Ние, како ЕУ, сме посветени на тој процес и се надеваме дека во наредните денови или најдоцна за време на португалското претседателство очекуваме дека неопходниот пробив ќе биде направен затоа што тоа е изградено врз широк консензус кој не опфаќа само една земја-членка. Наспроти тоа, ние се обединети.“, изјави Михаел Рот, министер за европски прашања на Германија.

Прилично сум сигурен дека нашите партнери во Скопје нема да се обесхрабрат. Нема потреба од план Б за пристапувањето на Северна Македонија, прашањето е само кога, и сигурен сум дека ќе се надмине оваа тешкотија.
Рот, министер за европски прашања на Германија


„Би сакал да испратам малку оптимизам, само една земја не се согласи за преговарачката рамка, а таа рамка мора да биде прифатена од сите 27 членки на ЕУ и од Северна Македонија. Прилично сум сигурен дека нашите партнери во Скопје нема да се обесхрабрат. Нема потреба од план Б за пристапувањето на Северна Македонија, прашањето е само кога, и сигурен сум дека ќе се надмине оваа тешкотија. Можете да го почувствувате моето лично разочарување. Министерот за надворешни работи и самата канцеларка беа многу посветени на процесот, но не бевме успешни колку што посакувавме, почувствував огромна поддршка од другите земји членки.“, изјави Михаел Рот.


Оптимизмот на Берлин дека и покрај денешниот неуспех, пробив сепак ќе има, го дели и Европската комисија – смета дека е прашање на време кога ќе се надмине и овој последен проблем за земјава да ги почне пристапните преговори.

„Ќе продолжиме да соработуваме со германското претседателство,а потоа со португалското и целосно се согласуваме со Михаел Рот дека не станува прашање дали, туку кога и дека ќе бидеме во можност да го надминеме ова последно прашање и сметам дека тоа би било одлична вест за граѓаните на С Македонија.“, изјави Марош Шефчович, потпретседател на Европската комисија.

Од владата доцна попладнето соопштија дека „Бугарија ставила вето и со тоа застанала на пат на евроинтеграцијата на земјата“. „Македонскиот народ и македонскиот јазик се столбовите на македонскиот идентитет. Тие доаѓаат од минатото, а во исто време се столбови на нашата европска иднина. За жал, процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ го запре Република Бугарија како членка на ЕУ. Станува збор за неодговорна и тешка геостратешка грешка.

Неодобрувањето на преговарачката рамка е на штета на фундаменталните принципи и вредности на Европската Унија“ – се вели во соопштението на владата која најавува засилување на темпото на потребните реформи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG