Линкови за пристапност

Лидерот на Боко Харам бара размена


Во знак дека киднапираните девојчиња во Нигерија се живи, лидерот на милитантната групи бара договор со владата

Нова видео порака на лидерот од исламистичката екстремистичка група Боко Харам изјави дека ќе ослободи повеќе од 200 ученички кои ги држи затворени во замена за милитанти кои нигериската влада ги има во затвор.

Во видео материјалот од француската новинска агенција, лидерот на групата Абубакар Шекау, зборуваше неколку минути пред да покаже, како што рече 130 девојчиња кои се молат, облечени во облека што целосно ги покрива, на непозната рурална локација. Тој во видеото објави дека девојчињата го прифатиле Исламот за своја религија.

Екстремната исламистичка група киднапираше повеќе од 300 ученички минатиот месец. 53 успеале да побегнат, но 276 се` уште се водат како исчезнати.
САД и неколку други земји испратија разузнавачи и армиски експерти да помогнат во потрагата по нив.
XS
SM
MD
LG