Линкови за пристапност

Меѓународна помош во потрагата по грабнатите девојчиња во Нигерија


Американски армиски претставници ќе помогнат во комуникациите, логистиката и разузнавањето

Најмалку четири држави, меѓу кои и САД, ветија дека ќе и` помогнат на Нигерија во потрагата по 276 девојчиња на школска возраст, грабнати кон средината на април од страна на милитантната група Боко Харам..

Обраќајќи се на Светскиот економски форум во Абуџа, нигерискиот претседател Гудлак Џонатан и` се заблагодари на Кина, најновата земја што вети помош.

„САД, Велика Британија и Франција исто така ме контактираа и ветија да помогнат да се реши оваа криза во Нигерија. Верувам дека случајот со киднапирањето на тие девојчиња ќе го означи почеток на крајот на теророт во Нигерија“, изјави Џонатан.

Американската армија синоќа објави дека нејзини советници во наредните неколку дена ќе пристигнат во Нигерија да помогнат во комуникациите, логистиката и разузнавањето во врска со случајот. Британија вети дека ќе обезбеди сателитски снимки, додека Франција најави испраќање на безбедносни агенти.

Водачот на Боко Харам во видео-снимка најави дека планира да ги продаде девојчињата.
XS
SM
MD
LG